Плочата со натпис „Дарданус“ оштетена – Асланај: По два дена плочата ќе биде испратена во државниот музеј

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Карпош,  на некогашните  стари гробишта е пронајдена плоча со натпис „Дарданус“. Додека се чистеле овие гробишта, некој ја сликал и ја објавил на социјалните мрежи. На фотографијата се гледа дека е оштетен дел од плочата.

ТВ21 излезе на терен да види одблиску, но инвеститорот не ни дозволи да снимаме, бидејќи е приватна сопственост.

По  барање на ТВ21, на терен излезе директорот на Управата за заштита на културното наследство Аријан Асланај, кој вети дека по 2 дена оваа плоча ќе биде испратена во државниот музеј без да биде оштетена.

„Ви ветуваме дека во рок од 2 дена максимално ќе се исчисти и конзервира, ќе биде изложена во музејот на Македонија, каде што е дозволено да се чуваат вакви плочи. Ви ветувам дека ќе има изјава, ако сакате можам да дојдам со научниците кои имаат познавања и сознанија за ова“, вели Аријан Асланај.

-Кој ќе ја земе и однесе таму?

„Инвеститорот кој има одговорност да биде максимално заштитена“.

-Дали ќе бидете присутни?

„Не таму, има строги казни, инвеститорите и сите други институции се свесни дека тие не можат да се уништуваат“.

Директорот Аријан Асланај нагласи и дека овие гробишта на оваа територија се од 6 век, а внатре во гробиштата, како што рече, може да се најдат прстени, мечеви и стрели.

Според историјата, Дарданците биле илирско племе сместено во центарот на Балканот, главно на територија на денешно Косово и неговата околина, а тие биле основачи на Кралството Дарданија околу 4 век п.н.е.