Обвинувања и жестока дебата во „Клик Плус“ – Кој ќе победи во Куманово, Димитриевски или Илиевски?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Дали вие го испративте овој документ?… Госпидине Љубиша може ли да разговараме. Сега ќе ви покажам јас. Дебатата е отворена, вкрстете ги копјата. И разговарајте слободно“

Жестока дебата, обвинувања и меѓусебни препукувања помеѓу независниот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово Максим Димитриевски и кандидатот од редовите на СДСМ Оливер Илиевски.

„Го имате ова испратено во Скопје, со барање до Регулаторна комисија каде што барате двојно да им се покачи цената на кумановците за водата. Срамота. Па што сме ние двојно богати од останатите за да плаќаме поскапа вода“, вели Максим Димитриевски.

„6,4 денари по метар кубен беше цената на водата во АД Стопанство што ја продаваше водата на АД Куманово. Сега е 3,2 денари во истиот период кога ние ја намаливме од 6,4 денари на 3,2 денари по метар кубен“, вели Оливер Илиевски.

Максим Димитриевски: „Не ја намаливте вие“

Оливер Илевски: „Ја намаливме“

Најголемата дебата се водеше околу цената на водата, но Димитриевски инсистираше Илиевски да одговори кој копа песок во реката Пчиња, на што не доби конкретен одговор. Копјата се вкрстија и околу проектите. Илиевски му порача на Димитриевски дека голем дел од проектите ги реализирал со пари од централната власт, а Димитриевски обвинуваше дека централната власт му правела опструкции.