Комапнијата АстраЗенека објави во средата дека пронајдените 29 милионо дози на вакција во фабрика во Италија, се наменети за ЕУ и за донации на сиромашните земји низ КОВАКС Механизмот кој го предводи СЗО.
На барање на Европската комисија, италијанските сигурносни сили виле во инспекција во компанијата Каталент во Анагнија во близината на Рим, и пронашле залиха на дози на вакцината АстраЗенека, наведува италијанскиот „Ла Стампа“.
Италијанско официјално лице го потврдил извештајот околу инспекцијата, и рекол дека дозите ќе бидат испратени во Белгија.
Серијата на реакции на извештајот покажува дека има недоверба во ЕУ кон англиско-шведскиот производител кој ја намалил испораката на вакцини во Унијата до крајот на јуни на 100 милиони, наместо на 300 милиони дози согласно договорот со ЕУ.
Пронајдените 29 милиони дози биле доволни за вакцинирање на 14,5 милиони лица.
