Од денес без маски на отворено – граѓаните продолжуваат да ги носат, се плашат да не бидат казнети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Некои со, а некои без маска. Граѓаните сѐ уште стравуваат полицијата да не ги казни поради неносење заштитна маска.

Но, конечно од денеска граѓаните ќе можат да се движат на отворено без маска.

Случајните минувачи што ги анкетираше ТВ21, велат дека носењето маска им станало навика, но дека сѐ уште се плашат од вирусот. Маските станаа задолжителни во октомври минатата година.

Иако бројот на новозаразени се намалува, сепак граѓаните треба да внимаваат, порачува министерот за здравство, Венко Филипче.

Додава дека бројот на хоспитализирани пациенти е мал, додека на починати висок поради тоа што одреден број граѓани подолго време се лекуваат на одделенијата за интензивна нега.

Инаку, од денес е дозволено организирање свадби, прослави и веселби на отворен простор, односно летни тераси до 100 гости. Публика може да има и на спортските натпревари кои се одржуваат на отворено и тоа до 30% од вкупниот капацитет.