Од денес во Косово не може да се плаќа во готовина над 2.000 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Управата за даноци на Косово (ATK) соопшти дека почнувајќи од денес, плаќањата во вредност над 2.000 евра меѓу бизниси и физички лица повеќе нема да може да се вршат во готовина.

Според соопштението, сите трансакции што ја надминуваат оваа сума мора да се извршуваат исклучиво преку банкарскиот систем или преку други електронски начини на плаќање.

„Од 1 јуни 2026 година, плаќањата над 2.000 евра меѓу бизниси и физички лица не се дозволени да се вршат во готовина и мора да се реализираат само преку банкарскиот систем или други електронски форми на плаќање. Почитувајте го законскиот лимит и избегнете казни. Не плаќајте кеш над дозволената граница“, се наведува во соопштението на ATK.