Употреба на лифтовите во словенечките скијачки центри и само скијање од денеска е дозволено со негативен тест за коронавирус, што може да се направи на граница или во ски-центарот, објави словенечката влада вчера.
Скијањето ќе им биде дозволено на оние кои со себе носат негативен резултат од тест за коронавирус, не постар од 24 часа, и направен во Словенија.
Донесена е и одлука да се воведе можност за брзо тестирање на патниците со тестови на антиген на пет големи гранични премини со Хрватска од сабота.
Луѓето кои влегуваат во Словенија од т.н. „црвените“ зони во иднина ќе можат да влегуваат во Словенија без карантин доколку ваквото тестирање на границата покаже негативен резултат, а со овој тест ќе имаат пристап до ски-центрите.
Владата на премиерот Јанез Јанша им препорача на ски-центрите да се договорат со давателите на брзи анагени тестови за можноста за тестирање на влезот во ски-центрите.
