Од денеска македонските државјани може да влезат во Бугарија со негативен ПЦР тест

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од денеска граѓаните на Македонија, ќе може да патуваат во Бугарија со негативен ПЦР тест. Нашиот источен сосед се реши на ублажување на мерките и се реши да ги отвори границите за граѓани на Македонија, Србија, Црна Гора, БИХ, Албанија, Косово, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт. 

ПЦР тестот не треба да биде постар од 72 часа. 

Тест не е потребен за граѓани на ЕУ, на Велика Британија, земји од Шенген зоната, како и за Алжир, Австралија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Мароко, Руанда, Тајланд, Тунис, Кореа и Уругвај. 

Жителите од останатите земји кои ќе сакаат да влезат во Бугарија, ќе мора во 14-дневен карантин.