Од денеска почнуваат да важат новите мерки за влез и излез од Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од денеска во нашата земја важат посебни правила при влез и излез од Македонија, поради спречување на ширење на коронавирусот.

Така домашните и странски државјани за влез и излез од територијата треба да приложат некој од следните документи:

– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; или

– Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или

– Медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред излез или влез на територијата на Република Северна Македонија, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез или влез во државата.

Оние кои нема да исполнуваат еден од овие услови, тогаш одат во карантин од 7 дена при влез, при што времетраењето може да се скрати на 5 дена доколку во тој период биде приложен негативен ПЦР тест. Трошоците за изолација е на трошок на државјаните/патниците.

Исклучоци од меката за наши државјани возачи на товарни возила, како и на возачи на товарни возила кои транзитираат низ земјата.

На денешната седница е усвоен и исклучок од мерката за транзит на авионските екипажи кои слетуваат на аеродромите во земјата, на кој им се дозволува подолг транзит престој поради природата на нивната работа.