Од денеска треба да профункционира лабораторијата во Битола за анализа на брисеви од тој регион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со цел да се растовари лабораторијата на Јавно здравје, денеска во Битола почнува да се организира и треба да профункционира лабораторијата во овој град, со цел да се анализираат брисеви од битолскиот регион и пошироко.

„Од денеска почнува да се организира и да профункционира лабораторијата во Битола, каде ќе се анализираат брисеви сите од регионот, со што ќе се растерети лабораторијата на јавно здравје“, рече Филипче.