Од денеска во Хрватска е во сила забрана за патување во други општини надвор од местото на живеење или престој, а оние кои ќе патуваат мора да имаат пропусница.
Вчера на првиот ден на издавање на пропусниците, биле поднесени повеќе од 35.000 барања.
Одобрени биле 17.000 барања, додека пак 60 проценти од нив биле одбиени, дознава порталот Индекс.хр
Од таму наведуваат дека 800 полицајци ќе го контролираат спроведувањето на забраната за патување и дека тие ќе влезат во автобусите и ќе проверат дали патниците имаат лиценци.
