Од компликации со коронавирус почина директорот на ЈКП „Пролетер“ во Ресен, Музафер Мурати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Од компликации од Ковид 19 денеска почина директорот на јавното комунално претпријатие „Проелтер“ во Ресен, Музафер Мурати.

Од коронавирусот се лекувал десеттина дена, а починал во болнички услови во една од скопските клиники.

Пораки со сочуство за загубата на својот пријател, колега и соработник до семејството и блиските испраќаат вработените во претпријатието, колеги, соработници…

– Општина Ресен денеска со неизмерно чувство на тага ја прими веста за ненадејната и прерана смрт на директорот на ЈКП „Пролетер“ и долгогодишен соработник и пријател, Музафер Мурати. Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски и сите вработени искрено сочувствуваат со семејството. Загубивме колега, пријател и голем професионалец, стои во прошталната порака на Општина Ресен.

Од компликации од Ковид – 19 пред само четири дена почина и радиологот Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска од Здравствениот дом во Ресен.