Од компликации со коронавирусот почина 60-годишниот хирург-специјалист д-р Владимир Кочоски, пишува СДК.мк
Од таму велат дека д-р Кочоски две недели се лечел од ковид-19 на скопската Инфективна клиника и по добиениот негативен тест, ден пред неговото пуштање дома, нагло му се влошила состојбата поради нарушените витални органи од опасниот вирус. Итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), но не успеал да се избори со компликациите кои биле предизвикани од вирусот.
Инаку, како што пишува СДК.мк, Д-р Кочоски до неодамна бил и раководител на Одделението за хирургија во Струшката болница. Зад себе остави две ќерки, а неодамна му починала и сопругата од карцином на дојка.
Тој е првата жртва од здравствениот персонал во Струшката болница, од вкупно досега 30-тина заболени медицински лица.
