Од коронавирус заразени 1,5 милиони лица ширум светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со новиот коронавирус, кој прв пат се појави во Кина, а потоа се прошири низ бројни земји ширум светот, се заразени повеќе од 1,5 милиони лица.

Според податоците на страницата „Worldmeter“ која ги објавува најновите информации за бројот на заразени со коронавирус, ширум светот од Ковид-19 оболеле 1.501.062 лица.

Најмногу случаи на заразата се регистирани во САД – 422.800.

После САД, најмногу заразени се во Шпанија 146.690, потоа Италија со 139.422, Франција 112.950 и Германија 111.779.

Во Кина, земјата каде се појави вирусот, се регистрирани 81.802 случаи на зараза. Во Иран од коронавирус се заразени 64.586 лица, Велика Британија 60.733, Турција 73.226, Белгија 23.403, Холандија 20.549 и Канада 19.195.

Во Бразил со коронавирус се 15.927 лица заразени, Португалија 13.141, Aвстрија 12.941 и Јужна Кореја 10.384. Ова се земји во кои заразени се повеќе од 10.000 лица.

Откако во декември минатата година се појави во Вухан, Кина, коронавирусот се прошири во околу 200 земји и региони.

Во светот починати се 87.830 лица, а оздравеле 319.214 лица. Моментално се хоспитализирани 1.094.018 лица.