Мерките за патување во Европа и светот се олабавија, за вакцинираните со две дози од вакцините против Ковид 19, но не и за невакцинирате. Тие можат да влезат во земјата со негативен ПСР, но не и да посетуваат институции, шопинг молови, без да се тестираат. Со оглед на тоа дека Англија ги олабави мерките за нашите туристи еве што тоа значи:
-Олабавувањето на мерките значи дека нема карантин од 10 дена при влез во Англија и конкретно со Фајзер вакцината ќе може секој да влезе на фудбалски натпревар, во ресторан , во кафетерија… До сега не беше така и вакциниран требаше да се тестирате пред секој натпревар. Пред секое влегување во ресторан, влегување во кафетерија. Сега се олабавија мерките, но тоа е предност за вакцинирате, не за невакцинираните-рече Аркан Керим, претседател на Стопанска комора за туризам.
За да немате проблем за влез вели тој најдобро е да сте вакцинирани со Фајзер или Модерна, но не и Синовак и Спутник.
