Дендиас ја поздрави промената на името на „Филип Втори“ во „Стив Наумов“, но не одговори на новинарските прашања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грција се искачи од петто на четврто место како трговски партнер на Р.С.М благодарение на интензивираната соработка која произлезе од Преспанскиот договор изјави министерот Бујар Османи на средбата со неговиот грчки колега Никос Дендиас. Јужниот сосед има повеќе од 1 милијарда инвестиции во земјава и повеќе од 20 000 работни места. Пред започнување е имплементацијата на гасниот интерконектор со Грција.

„Најдобар индикатор дека се развиваат политичките односи во добар правец се економските индикатори. Задоволство беше да ги комуницираме бројките од овие осум месеци од оваа година кои покажуваат зголемување на 20% на трговската размена помеѓу Р. Грција и Р. Северна Македонија, достигнувајќи дури 400 милиони евра трговска размена“, рече Османи.

Дендиас го поздрави нашиот показател за прилагодување кој рече дека е особено висок и одлуката да ја напуштиме идејата за 19-тиот век и да се насочи кон 21-от век. Изрази задоволство за промената на името на улицата „Филип Втори“ во „Стив Наумов“ и новото име на Археолошкиот Музеј, Археолошки музеј на Република Северна Македонија.

„Би сакал да го изразам моето задоволство за вашите чекори за отстранувањето на таблата која се наоѓаше пред зградата каде се наоѓаме, табла која беше поставена во други времиња и се однесуваше на Филип Втори таткото на Александар Велики. И договорени сме заедно дека вашите претци не се наоѓаа на Балканскиот полуостров во тој период и немаа можност да војуваат под водство на Александар Велики во длабочините на Азија“, рече Дендиас.

Благодарение не добрососедските односи заклучија брзо се реагирало за гаснење на пожарот кај Гевгелија. Османи изрази благодарност и за 20 000 вакцини кој нашата земја ги доби од Грција. Се разговара за отворање на нови гранични премини, но се уште нeмаат конкретен одговор. Меѓусебната соработка во справување со емигрантската криза беше една исто од темите на разговор помеѓу Османи и Дендиас.