Од први јануари повисоки сметки за струја?! – Ковачевски: Оние што трошат малку ќе имаат намалена цена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Владата изминатиов период постојано уверуваат дека од први јануари нема да има големо покачување на цената на електричната енергија. Иако ЕСМ понудила 13 проценти повисока цена на струјата кон ЕВН, првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски во вчерашниот магазин на ТВ21 Клик Плус, тврди дека тоа нема значително да влијае на зголемување на сметките на потрошувачите.

„Кумулативно двете цени  кои што ги имаме поднесено нема да предизвикаат зголемување на цената на крајот кон потрошувачите. Ние ќе овозможиме полесно да може Регулаторната комисија да донесе одлука, крајната цена на потрошувачите да нема зголемување или она што беше најавено и од министерот за економија Бектеши и од премиерот Ковачевски дека првите блокови, блок 1 и блок 2 да има и одредено намалување на цената“, вели Васко Ковачевски.

Ковачевски вели дека пресметките за годинава покажуваат дека е за 27 проценти е зголемено производството на струја во однос на минатата година. Капацитетите се дотраени, вели тој, но најважно е да се зачуваат постојните.

„Блок 3 е предвиден да работи до крајот, односно до 2031 година, значи тој треба да биде последен блок кој што ќе остане во функција и токму затоа во него повеќе се вложува. Новиот трансформатор кој што сега е набавен е далеку со подобри перформанси и во делот на преносот на електрична енергија но и до намалување на загубите на електрична енергија. Истиот за неколку години, за 7-8 години истиот само со заштеда на електрична енергија ќе се исплати вредноста на неговата набавка“, додава Васко Ковачевски

Директорот на ЕСМ вели дека, иако има сериозна енергетска криза, струја ќе има и според него рестрикции не се опција.