Од радар исчезна индонезиски Боинг, наводно се срушил во океанот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Контролата на летот изгубила денеска контакт со авион на компанијата Сривиџава Ер набрзо по полетувањето од индонезискиот главен град Џакарта.

Авионот наводно се срушил во морето откако брзо изгубил висина, пишува Daily Star.

Од таму пишуваат дека се чини дека патнички авион кој изгубил контакт со контролорите на летот паднал во морето откако направил стрмно нуркање во воздухот.

Полетал од Џакарта во 7:40 часот, а контролата на лет изгубила контакт со авионот четири минути подоцна.

На летот се наоѓаат 56 патници, меѓу кои 7 деца (три новороденчиња) и шест членови на екипажот, известува Метро ТВ.