Од сабота почнува скринингот – утре ќе се знае колку ќе трае полицискиот час овој викенд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Речиси две недели имаше намалување  на бројот на новозаразени, а денеска за 24 часа се регистрирани 33 нови случаи. Министерот Филипче во следниве денови ќе се утврдуват дали станува збор за случајност, варијација или некаков тренд.

На утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се одлучува дали ќе има и колку ќе трае полицискиот час за овој викенд. За олеснувањето на рестриктивните мерки, отворање на рестораните, кафетериите и бизнисите ќе се одлучува во сабота.

Во меѓувреме од следната недела ќе започне и скрининг процесот. Ќе се направат околу 400-500 тестови и скринингот ќе се прави со ПЦР тестови преку матичните лекари. Во скринингот ќе се опфатат здравствените работници, вработените во градинките, во домови за стари лица. Вториот дел од скринингот ќе опфати полициски службеници, таксисти и вработени во јавниот транспорт како и пациенти пред да бидат хоспитализирани. Од следната недела исто така ќе работат и стоматолозите и истите ќе бидат опфатени во скрининг тестирањето.  Инаку, во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи. Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 22 оздравени пациенти.  На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.