Од скринингот во градинките во Битола и Скопје, сите тестови се негативни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред неколку дена започна скринингот во градинките низ Македонија. Во изминатите 24 часа немало потврден случај на Ковид-19 од 171 тест направени во Битола и во Скопје.

Градинките се подготвуваат за повторно отворање, но кога ќе заврши скринингот на вработените.

„Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките.

Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.“, велат од министерството за здравство.