Во Обединетото Кралство пристигнуваат уште девет лица од крузерот со хантавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Девет британски државјани поврзани со крузерот MV Hondius и епидемијата на хантавирус треба да пристигнат во Обединетото Кралство, објавија денес британските медиуми.

Се очекува група британски државјани кои можеби биле изложени на хантавирус, но немаат симптоми на инфекција, да се вратат во својата земја од Света Елена и островот Вознесение, објави Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA), пренесува Sky News и наведува дека по пристигнувањето, оваа група треба да биде сместена во болницата „Ероу Парк“ во градот Аптон во областа Мерсисајд на северозападна Англија.

Во соопштението на UKHSA се вели дека агенцијата тесно соработува со Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој (FCDO) на Обединетото Кралство и прекуокеанските територии на Обединетото Кралствоза следење на пациентите кои завршуваат самоизолација во Обединетото Кралство.