Оние со негативен тест за ПЦР, како и граѓаните на ЕУ, не треба да бидат ставени во карантин од следната недела доколку патуваат во Грција, објави висок владин претставник.
Грција планира да го отвори туристичкиот сектор од средината на мај за да го зајакне економскиот раст.
Како што е наведено, на граѓаните од Европската унија и Србија, САД, Велика Британија, Израел и Обединетите Арапски Емирати ќе им биде дозволено да патуваат во Грција преку аеродромите во Атина, Солун, Ираклион, Ханија, Родос, Кос, Миконос, Санторини и Крф и два гранични премини.
