Од среда анти ковид мерките уште повеќе ќе се олабават. Врз основа на епидемиолошката слика со корона вирусот за која Комисијата за заразни болести смета дека е подобрена, предлага да се намали полицискиот час и да се продолжи работното време на угостителските објекти.
„Почнувајќи од 12 мај, препораките за забрана на движењето на граѓаните се полицискиот час да започнува од полноќ и да трае до 5 часот изутрина. Угостителските објекти ќе можат да работат до 23:30 само на терасите. А согласно протоколите усвоени претходно ќе се организираат сите настани било на отворено или во затворен простор. Дозвола за работа добиваат и фитнес клубовите“, истакна репортерката на ТВ21.
Знаците за стивнување на овој бран, ни даде право за дополнително олеснување на рестрикциите, изјави министерот Венко Филипче. Тој рече дека може да се организираат културни настани и некои спортски натпревари но не и свадби.
Олеснување ќе има и за градинките каде ќе се зголемат капацитетите за плус 5 деца, односно од 15 до 25 деца во група.
Доколку владата ги усвои утре препораките на Комисијата за заразни болести, од утре до 18 мај граѓаните ќе имаат забрана за движење од 5 часа. Во четврток за празникот Фитер Бајрам нема да има воопшто полициски час.
