Од Трамп за Македонија 33% царина – дали ова ќе биде силен удар за македонската економија?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од силни врски со САД и посети за зајакнување на стратешкото партнерство со администрацијата на Трамп, Македонија доби царини од 33 проценти за нашите производи при увоз во Америка- кои се меѓу највисоките во регионот.

Највисоко рангирана на списокот на Трамп е Србија  со царини од 37 проценти, a, Албанија и Косово поминаа најдобро – со минимални царини од 10% за извоз во САД. ЕУ доби 20 проценти царина.

За експертите ова е неочекувано. Велат ќе бидат силен удар за македонската економија. Ударот врз нашите најважни трговски партнери ЕУ и Германија особено со автомобилската индустрија, ќе не погоди и нас- велат тие.

„Споменав дека извозот не е толку голем околу 110 милиони евра. Меѓутоа секако ќе влијае на одредени компании. Не очекувам дека тоа во моментов би го намалило даѓањето да кажам на странски инвеститори, меѓутоа би рекла дека многу поголем е индиректниот ефект, односно ефектот кој што нашите компании го имаат преку извоз на одредени производи кон ЕУ и потоа извоз од ЕУ кон Америка. Исто така мислам дека ќе доведе до намалување на идни можни инвестиции од САД, особено зборувам за дијаспората“, вели Никоца Мојсоска Блажевски.

Воведувањето на тарифите кон Европската унија ќе има огромно влијание, како и контрамерките кон тарифите кои се подготвуваат од ЕУ и повикот за  уифициран обединет одговор.

Според Трајко Славески поранешен министер за финансии во тарифите на Трамп нема сентимент – и поважни земји за Америка се многу повеќе погодени од нас.

„Владата, добро прашање, мора веднаш да види, да речам да направиме една кост бенефит анализа. Соединетите Американски Држави кажаа дека оставаат простор, доколку земјите реагираат, не сега да ги зголемуваат царините, она што е најавено да речеме од земји како Јапонија, Јужна Кореа, ЕУ, туку да ги намалат. Мислам дека е најдобро ние да видиме, она што ни се забележува дека е трговска бариера на нашиот увоз од САД да го намалиме. Со тоа да ги одоброволиме и тие веднаш да реагираат со намалување на царините“, вели Трајко Славески.

Според Трамп тарифите се одговор на вонредната економска состојба, рече Америка е „силувана и ограбена од другите држави“.

„Европската Унија, тие се многу, многу тешки трговци. Би помислиле дека Европската Унија ни е пријател, но таа нѐ искористуваше и тоа е тажно да се гледа. Тоа е толку патетично. З9 проценти ние ќе ги цариниме 20 проценти“, вели Доналд Трамп.

Бројни држави, па и ЕУ, најавија контрамерки, што дополнително ќе ја засили светската трговска војна. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен предупреди дека тоа е тежок удар за глобалната економија.

„Глобалната економија ќе претрпи огромен удар, неизвесноста ќе расте, а протекционистичките мерки дополнително ќе се прошират. Последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе ширум светот“, вели Урсула фон дер Лајен.

Белата куќа кажа дека новите основни царини од 10% ќе почнат да се наплатуваат од 5 април. Реципрочните тарифи, пак, за одредени земји ќе стапат во сила од 9 април.