Од утре полициски час од 21 часот – угостителските објекти ќе работат до 20:30 часот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

3 недели откако беа затворени, утре се отвораат кафеаните, но ќе можат да работат само тие кои имаат тераси. Годинава, Велигден и Бајрам граѓаните ќе ги слават без полициски час, а со тоа ќе имаат можност да ги посетат најблиските и храмовите.  Но, полицискиот час ќе важи другите денови, но ќе биде пократок. Ќе почне во 21 часот, а ќе заврши во 5 наутро. Зошто се овозможуваат верските собирања, здравствените власти со образложение.

Ослободувањето на граѓаните за празниците доаѓа затоа што околу 80% од граѓаните се религиозни, а Комисијата за заразни болести и кризниот штаб се одговорни за социјалниот и традиционалниот живот на нашиот народ, образложи од друга страна, премиерот Зоран Заев.

Вчера се одржа состанок со верските лидери на земјата. На црквите и џамиите им е наложено да не надминуваат 30% од нивниот капацитет, а тоа е направено во рамките на мерките за заштита од Ковид.