Од утре повторно дожд – еве во кои делови од земјата ќе врне

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре се враќа дождливото време во Македонија. Според Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе започнат кон крајот на денот и ќе бидат присутни пред се во западните и југозападните делови од земјата. Ќе дува и слаб до умерен ветер.

„Променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер“, стои во објавта на УХМР.