„Од вчера ништо не може да биде исто“: Курти на комеморацијата за убиениот полицаец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Косовскиот премиер Албин Курти говореше на комеморацијата за загинатиот полицаец Африм Буњаку.

Курти рече дека Косово постапило претпазливо и во согласност со неговата западна ориентација.

Курти рече дека се поклонуваат пред портретот на Африм Буњаку и пред неговото херојско дело со чест и почит, како заложба за правда.

„Од вчера ништо не може да биде исто. Фактите излегоа пред нашите очи, пред меѓународната заедница, пред секој кој има храброст и волја да ја види вистината за регионот во кој живееме“, вели Курти