Од Владата се бара да прогласи кризна состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов пишува дека Групата за процена попладнево одржала седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донесе едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет да и предложи на Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.

„Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и и’ предлага на Владата на РС Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија во траење од 30 дена“, додава Ангелов.