Одбиле да оперираат повреден хокеар, затоа што бил од Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Спортскиот директор на хокеарскиот клуб Салават, Ринат Баширов тврди дека Финците одбиле да оперираат еден мал спортист, затоа што бил Русин. Хокеарите на рускиот тим и порано правеле операции во Финска и се лекувале, а клиниката наводно поради агресијата врз Украина се решиле да на пружаат повеќе услуги на државјани на Русија.

За Салават играа и четири хокеари од Финска, но го напуштија тимот откако почна агресијата врз Украина.

„Со години работиме со Финците и можеби посветуваме премногу внимание. Можам да кажам дека планиравме операција на еден наш јуниор, но не повикаа и ни рекоа дека на граѓаните на Русија повеќе не пружаат услуги. Тоа е политичка одлука“, рече Баширов.

„Да не примаат да тренира таму и да разбереме, но да не сакаат да го лекуваат? Тоа не е човечност“, рече поранешниот руски хокеар Максим Сушински.