Сашо Дукоски, адвокатот на Бојан Јовановски по седницата на Апелација, рече дека оваа пресуда има милион повреди. Тој прашува зошто се три пати одбиени за вештачење на телефонот на Јовановски.
„Една постапка по која обвинетите секако ќе беа прогласени за виновни. А, нема докази. Три пати бевме одбиени за вештачење на телефонот. Во тие четири секунди гледаме многу пари и лесна торба и некоја белешка, а не гледаме што има во таа торба.
Ако сакаме да исполниме услови за влез во ЕУ, вакви пресуди не може да постојат. Особено што има заклучок во сите четири апелиациони суда, лицето што не е пишано во списокот на вешти лица, не може да биде вешто лице. Има милион повреди оваа пресуда и мислам дека не може да опстпои“, вели Дуковски.
