Одложена седницата за амандманската расправа за буџетот, се тестираат пратениците кои биле во контакт со Муцунски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема да продолжи денешната седница на која ќе се расправа по амандманите за Буџетот за 2021 година, откако претседателот на собраниското тело Тимчо Муцунски вчера објави дека има позитивен тест на Ковид-19.

Од Собранието велат дека денеска во претпладневните часови завршило земањето на брисеви од дел на пратениците, кои биле во контакт со Муцунски.

Се очекува при приситгнувањето на резултати, да биде познато и кога ќе продолжи седницата.