Врховниот суд во американската сојузничка држава Тенеси, го одложи изрекувањето на смртната казна за осум месеци над Оскар Смит поради коронавирусот.
Егзекуцијата на Смит, осуден поради убситво на својата сопруга и двата сина од првиот брак, била закажана за 4. јуни, но пандемијата на коронавирусот ја одложи за осум месеци, по барање на одбраната, и истата треба да се случи на 4. февруари идната година.
Адвокатите на Смит пред Судот приложија жалба дека загубија драгоцено време за подготовка на барањето за укинување на смртната пресуда поради коронавирусот.
