Одложено рочиштето за „Oнкологија“ поради здравствени причини на судијката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Судското рочиште за случајот „Онкологија“ денеска беше одложено поради здравствени причини на судијката Снежана Марковска. Новото рочиште е закажано за 25 ноември.

На последното судење, обвинителството ги оспори наодите на вештакот на одбраната за соодветноста на терапиите применувани кај пациентите.

Во предметот, поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски се обвинети за несовесно лекување.

Според обвинението, кај 47 пациенти биле применувани несоодветни терапии, со неправилно дозирање и без соодветна процена на здравствената состојба.