Одложувањето на пописот утре пред пратениците – ЕУ знаменце и скратена постапка за избегнување блокада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска на Владина седница, утре пред пратениците, законот за попис ќе претрпи мали промени поради договорот за одложување.

„Таа измена се сведува на две прашања, тоа е датумот на пописот кој што е во една одредба и наместо од 1-ви до 21-ви април, ќе го ставиме од 5-ти до 30-ти септември и делот дека дијаспората ќе може да се попишува од 1-ви март до 30-ти септември кога треба да заврши теренскиот дел од пописот“, посочи Бојан Маричиќ.

По договор на претседателот на Собранието и  координаторите на политичките партии, утре ќе мора истиот да се изгласа на пленарна седница, бидејќи е последен ден пред старт на најголемата статистичка операција.

„Законот за попис беше примарно доставен во постапка со европско знаме, затоа што тој е класифициран со европско знаме, така што јас ќе предложам на Владата да го усвои и испрати во Собранието со европско знаме и по скратена постапка заради итноста на моментот во кој се наоѓаме пред започнување пописот“, додава Бојан Маричиќ.

Од правда го избираат овој пат, со скратена постапка и европско знаменце за да не избегне евентуална блокада на измената на законот и поднесување на илјадници амандмани од политичка партија која е против одложувањето на пописот.