Одлучувачка недела за Алијанса за Албанците – со Европскиот Фронт, со албанската опозиција или сама?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците (АА) се наоѓа пред голема одлука која треба да ја донесат до крајот на оваа недела – дали на избори ќе се оди со албанската опозиција, ќе соработува со ДУИ на Ахмети, или сама ќе настапи на избори.

Во интервју за ТВ21, членот на Централното раководство на оваа партија, Аднан Незири, изјави дека сè уште се разговара за опциите.

„Ќе има уште консултации и во рамките на Централното раководство ќе се донесе одлука како ќе настапиме“, вели Аднан Незири.

Дали ќе биде или не и опцијата да одите сами на избори, или трите опции?

„Сметам дека ќе биде опцијата „сами“ , ќе ги разгледаме и другите варијанти, не можам да зборам како поединец во рамките на еден орган, претставник и донесител на одлуката на Централното собрание“.

Засега АА има само една одлука од партиското раководство, на избори да настапат сами, без да влезат во предизборна коалиција, но Таравари, пред неколку дена изјави дека Собранието може да донесе и друга одлука.

„Ќе ги разгледаме околностите, ќе ги слушаме и препораките, но на крајот во Собрание ќе се донесе конечната одлука. Може да биде истата одлука, но и поинаква, зависи од членовите на Собранието“, вели Арбен Таравари.

Какви се шансите АА да се подели на два дела, дел со Европскиот фронт и еден со опозицискиот блок? Во врска со тоа Таравари рече дека секогаш имало поединци кои мислат поинаку, но ќе се почитува одлуката на партиските органи. А конечната одлука се очекува да се донесе кон крајот на оваа недела.