„Одлука од инает“ или за одмазда – Меџити: Структурата не го сака Османи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изет Меџити ја иронизираше поддршката која првиот вицепремиер Груби му ја даде на Османи за неговата нова задача како координатор на политичките активности во Чаир,.

„Груби многу ќе му помогне. Со неговиот авторитет многу ќе му помогне на г. Османи!“, вели Изет Меџити.

Функцијата доделена на Османи воопшто не постои во партијата, вели Меџити. Според него ваквиот потег е недемократски, нестатутарен и не легитимен.

„Тоа е одлука за инает, одлука за одмазда која не придонесува за доброто на ДУИ, туку напротив прави поделби и раздор во ДУИ“, додава Изет Меџити.

А вчера со заедничка фотографија Груби му посака лесна работа на Османи на новата задача, при што му понуди и поддршка.

„Освен поддршката на Претседателот, Бујар ја има и мојата поддршка во овие напори за повторно активирање на огранокот Чаир по три години недостиг на партиски активности во тој огранок и во советите во рамките на огранокот“, вели Артан Груби.

Но според Меџити, Бујар Османи е неуспешен обид, бидејќи Османи ја нема поддршката на граѓаните и структурите во Чаир, посебно поради тоа што жителите на Чаир никако не можат да стапат во контакт со Груби и Османи.

„Експертот на интеграциите, на надворешните работи, и на здравството и портпаролот, во овој случај ангажиран и за состојба во која треба да се вклучи целата партија за да придонесеме како да дојдеме до уставните измени, како да ги подобриме односите со Бугарија, и во ваква ситуација да го остави сето тоа настрана и да дојде да се бави со структурите не го сака, значи една од главните забелешки е во текот на овие 3 или 5 години тешко некој да ги сретне некаде во Чаир, тешко некој да стапи во контакт со нив“, порача Изет Меџити.

Меџити повика да се врати дебатата во партијата за да се најде решение бидејќи последните постапки, како што рече, само водат кон поделби и конфликти. Инаку, сите членови на Огнената група кои раководеа со Управни функции се разрешени, а на нивно место дојдоа  кадри на Алијанса за Албанците.