Одлуки од 57-мата седница на Владата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата на Република Северна Македонија на денешната 57-ма седница донесе неколку одлуки:

  • Од утре, 27 мај, целосно се укинува полицискиот час на територија на Македонија.
  • Од четврток, 28 мај, започнуваат со работа на угостителските објекти во Македонија со посебен протокол на работа на надворешните тераси.
  • Од 1 јуни 2020 година престанува да важи мерката за ослободување на различни категории вработени лица кои беа ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности.
  • Ова не важи за хроничните болни, а отстапка во оваа одлука имаат и родителите кои имаат деца на возраст до 10 години или деца на претшколска возраст.
  • 14 дневната изолација се менува со самоизолација само доколку лицата приложат негативен ПЦР тест за коронавирус направен во последните 72 часа.
  • Сите лица кои се во државен карантин, на свој трошок, можат да направат ПЦР тест во објектот каде се сместени и доколку имаат негативен тест ќе бидат упатени во домашна самоизолација.
  • Усвоен е и протокол за странски дипломати акредитирани во земјава, како и за членовите на нивните семејства, па така ако приложат медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа ќе можат непречено да си ја извршува својата работа, без упатување во домашна самоизолација.
  • Владата ги задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да направи јасна и прецизна проценка за отворање на државните граници, како и да подготват соодветни протоколи за влез и излез на и од територија на Македонија.
  • Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, треба да подготви соодветни протоколи за работа на хотелите.
  • Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19
  • Финансиска поддршка за лица во дејноста култура и право на надомест за тие што останале без работа