Одрон на земјиште на граничниот премин Белановац-Станчич – властите велат дека позицијата е таква

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Се наоѓаме на патот близу граничниот премин Белановац-Станчич кој е асфалтиран но сега не се одржува“.

Овој пат ја поврзува Северна Македонија со Косово. На многу места се гледа одрон на земјиште а на неколку други места веќе почнале да се формираат депонии.

ТВ21 праша во општина Липково но од таму велат дека ова е  регионален  пат и е под надлежност на ЈП Македонија пат.

И директорот на ова претпријатие Костадин Ацевски истакна дека ова се случува поради самата позиција на патот во овој дел. Според него, местото се чисти секој ден.

Ацевски додаде дека во соработка со ЈП Државни патишта и Градежниот факултет ќе се разгледаат сите мерки за подобрување на состојбата а една од опциите е поставување мрежа од жици.

Што се однесува до депониите надвор од делницата, Ацевски вели дека не се под нивна надлежност а чистењето се врши само на патите делници при одржување на патиштата.