Одронетите камења опасност за автомобилите Јошевски: Да не чекаат да се случи трагедија, туку да преземат мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Освен дупки, возачите на автопатот Кичево-Охрид се соочуваат и со одрон на земјиште и камења околу патот.
Од ваквата состојба има и жртви, особено во ноќните часови кога видливоста е слаба.

На магистралниот пат Кичево – Охрид, на секои 100 метри може да се најдат камења кои паднале на сред пат но и земјиште што се лизга, ова се случува бидејќи како што можете да видите на дел од планината нема заштита за запирање на камењата што паѓаат на коловозот, затоа на возачите им препорачуваме да внимаваат, особено во раните утрински часови пред да помине државното претпријатие да ги исчисти и да ги остави како што можете да видите на овие слики.


И деловите кои имаат штитови се уриваат и претставуваат опасност.
Случаен минувач што го затекнавме како одмара покрај патот вели дека овие штитиници воопшто не се безбедни.

„Дали е безбедно Вака? Дали гледате нешто што е безбедно, гледате дека е катастрофа, тука ништо не важи, не прават“, велат минувачите.


Зоран Јошевски, стручњак за сообраќај вели дека се работи за сериозен проблем и треба да се преземат мерки со поставување на соодветна и заштитна сигнализација на најопасните делови. Тој рече дека не треба да чекаат да се случи некаква несреќа за да преземат мерки.

„Лизгањето на земјиштето и камењата на патот, е сериозен проблем за безбедноста во сообраќајот. Односно на местото каде постои можност од лизгање на земјиштето од левата или десната страна на патот, треба да се постават штитници на страничниот терен. Во сите случаи, за можните ризици од лизгање на земјиштето на патот треба да се предвиди поставување соодветна сигнализација“, вели Јошевски.


Заменик директорот на ЈП Државни патишта, Беким Мехмеди рече дека секој ден го чистат патот, особено сега во сезона на дождови кога одроните се очигледни.

„ЈП Државни патишта секој ден го чистат магистралниот пат Кичево-Охрид особено сега кога врне и земјата е многу влажна и има одрон на камења. Нашите екипи се дежурни 24 часа бидејќи патот е специфичен и секојпат има опасност за одрон на камења и земјиште од планината“, вели Мехмеди.


Со завршување на автопатот Кичево-Охрид на кој се работи, овој пат ќе остане како стар пат, а кога ќе завршат градежните работи на новиот автопат не се знае. Истиот започна да се гради во 2014 и никако да заврши.