На 12.03.2026 во 15 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишија К.Т.(29) од Радолишта. При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патнички автомобил „голф“ со струшки регистарски ознаки и притоа, констатирале дека тој немал положено возачки испит и нема право на управување моторно возило. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2026 во 20 часот, на улицата „Глобочица“ во Струга, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишија Р.М.(47) од Струга. При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопед со струшки регистарски ознаки и притоа, констатирале дека тој немал положено возачки испит и нема право на управување моторно возило. По насоки на јавен обвинител, мопедот е одземен и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2026 во 11:20 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишија Д.Ј..(48) од тетовското село Брвеница. При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патнички автомобил „бмв“ со тетовски регистарски ознаки и притоа, констатирале дека тој имал активна забрана за управување на моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2026 во 18:40 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишија С.С..(36) од кичевското село Горно Добреноец. При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници на улицата „11 Септември“, сопреле патнички автомобил „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки и откако му биле побарани возачки документи, тој го стартувал возилото и избегал од местото. По кратко време, на улицата „Гоце Делчев“ , бил повторно сопрен и било констатирано дека тој, немал положено возачки испит и нема право на управување моторно возило, а при извршено алкотестирање, биле констатирани 0,11 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
