На денешната прес конференција на премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски истакнаа дека официјално има еден потврден случај на заразен од коронавирус во Македонија.
Станува збор за пациентка, родена 1970 година од Скопје, која одреден период престојувала во Италија.
„Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација, соодветно се третира нејзината состојба. Епидемилошките анализи укажуваа на тоа дека таа еден месец била во Италија во посета на роднини. Веќе две недели е болна и иницијално се тестирала во здравствената установа во Италија и непосредно по влегувањето на нашата земја директно се упатила на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт таа не претставувала опасност за да ја пренесе болеста“, рече Филипче.
