„Огнената група“ пред исклучување од партијата – се очекува потврдување на статутарните прекршоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Надзорниот совет на ДУИ заседаваше во Мала Речица.

„Станува збор за состанок на Надзорниот совет, ќе се дебатира за работите“, вели Беким Незири

-Дали е вистина дека денеска ќе се разговара за разрешување на Огнената група?

„Не знам, ќе видиме?“

-Дали е почнат состанокот или не?

Да, во 13 часот.

Од ДУИ не излегоа со официјални информации за заклучоците кои произлегуваат од состанокот. ТВ21 од свои извори дознава дека со седницата на Советот претседавал Али Ахмети, иако претседавач е Муса Џафери, но тој не бил присутен, туку само членовите на Советот. Ахмети од овој партиски орган бил информиран за статутарните прекршоци што ги направила „Огнената група“. Поради тоа, според се уште непотврдени информации, врз основа на овој извештај на Надзорниот совет, Ахмети ќе го започне процесот за разрешување на незадоволните од ДУИ, поточно „Огнената група“. Останува да се види како ќе се одвива овој процес за кој треба да одлучи Ахмети, но очигледно „Огнената група“ чека ваква одлука, па се дознава дека голема е веројатноста да се формира нов политички субјект.

Од друга страна, освен тоа, во Мала Речица денеска присуствуваа и членовите на огранокот од Сарај, кои беа поканети од претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Се разговарало за изборите во огранокот, но заедно со нив не беше градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, кој е дел од „Огнената група“. Прашан во врска со тоа, пратеникот од оваа зона, Арбен Зибери, рече дека претседателот на ДУИ, ги поканил сите и дека членовите одлучуваат  дали ќе присуствуваат или не.

„Во денешниот состанок, од огранокот на Сарај присуствуваа сегашни и поранешни функционери, јас како пратеник, заменик министерот“, вели Арбен Зибери.

-Зошто не беше Блерим Беџети, разрешен е?

„Не, не станува збор за разрешување, секој член беше поканет и лична одлука е кој ќе присуствува и а кој не“.

ДУИ за во сабота закажа состанок на Раководството на партијата, за што е најавено дека ќе има простор за да се слушаат и незадоволствата на членовите, а што се однесува до отчетот, претседателот Ахмети истакна дека оваа тема е дебатирана неколку пати, а портпаролот Османи изјави дека тоа е затворено прашање.