И покрај забелешките на екологистите и здруженијата за риболов, Oхридско езеро е дадено под концесија за комерцијален риболов. Компанијата која ја добила концесијата дала рекордна цена, вели министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, кој смета дека со ова ќе се стави крај риболовот на црно.
Екологистите и активистите од Охрид секогаш биле против давањето под концесија на Охридското езеро. Велат дека според планот на УНЕСКО, такво нешто не е предвидено.
Но министерот Николовски смета дека со ова ќе се воспостават правила. Смета дека тие кои се против концесијата имаат други интереси.
Охридското езеро нема концесионер од јануари 2020 кога државата ја укина концесијата со компанијата „Летница –Белвица“ бидејќи не водеше точна евиденција колку риба е ловена.
