ОЈО отвори предмет за инцидентот во Арачиново – имотот каде треба да се гради стадион, причина за кавги

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Под сомнение дека извршил кривично дело “насилство“ против градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими, Основното обвинителство започна постапка против екс градоначалникот на општината Брахим Ајвази врз основа на член 386, став 1 од КЗ.

-Тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилсгво и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години-стои во кривичниот законик.

Во соопштението на Обвинителството се вели дека 69 годишниот осомничен кој е од Арачиново, на 23 мај 2023 влегол во канцеларијата на градоначалникот на Општината барајќи на сила да му се даде земјиште кое е во сопственост на Општината Арачиново. Откако истиот не го нашол во канцеларија, потоа го сретнал во дворот на општината и започнал да го навредува, да му се заканува и да се однесува насилно кон него.

-Со цел обезбедување на присуството на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, забрана за посетување на службените простории на Општина Арачиново, како и забрана за приближување или воспоставување контакти со градоначалникот-велат од Јавното обвинителство.

Целиот проблем во Арачиново е предизвикан за имот на кој е превиено да се гради стадион за ФК Шкендија. Според актуелниот градоначалник Ридван Ибрахими, тоа земјиште е узурпирано од екс градоначалникот Ајвази, кој пак негира такво нешто. Вели дека земјиштето го менаџира неговото семејство и семејствата на паднатите борци. Во меѓувреме на емаилот на ТВ21 стигна реакција од семејствата на паднатите борци од Арачиново каде се оградуваат од Ајвази.

-На ова негово тврдење ние се противиме и се оградуваме и изјавуваме дека ниеден роднина на паднатите борци нема ниту милиметар од тоа земјиште. Сметаме дека е неприфатливо да се даваат вакви неосновани изјави и да се злоупотребува името на семејствата на паднатите борци. Дури и да имавме земјиште, ќе бевме подготвени да го отстапиме за доброто на младите и граѓаните, така како што го дадоа животот нашите родители и браќа-велат семејствата на паднатите борци.

Поради заканите, општина Арачиново е затворена за граѓаните. На работа не оди ниту градоначалникот ниту вработените во администрацијата на општината.