Околу 70 милиони Американци долж источниот брег на САД се под предупредување за зимско невреме, издадено од Националната метеоролошка служба, а прогнозата предвидува до 15 сантиметри снег на повеќето места.
Нова Англија, како и делови од Масачусетс, Њу Хемпшир, Мејн и Конектикат, се под предупредување за навлегување на арктичкиот воздух, каде се прогнозира дека снежната покривка ќе достигне 25 сантиметри, пренесе АП.
Марк Ченард, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Колеџ Парк, Мериленд, рече дека дури 70 милиони жители ќе бидат под некаков вид предупредување за зимско невреме во наредните денови.
