Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт им се заблагодари на Албанија, Канада, Косово и Македонија кои се согласиле да им дадат засолниште на нивните сојузници од Авганистан, особено на жени и деца на лидерите на цивилното општество.
Мора да се фокусираме на спасување животи во Авганистан. САД работат да ги евакуираат лицата под особен ризик од талибанците и благодарна сум на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија – напиша Олбрајт.
