Министерот Венко Филипче, уште еднаш кажа колку е важно граѓаните да се вакцинираат. Тој потенцираше дека во градовите каде што е голем процентот на вакцинирани, дека нема притисок врз болнциите.
„Битно е граѓаните да ја сфатат важноста на вакцинацијата, онаму каде има голем процент на вакцинирани, нема притисок врз болниците. На пример Охрид, Ресен, Кавадарци… нема притисок врз болнците. И тоа не е само кај нас, тоа е секаде во светот. Само со вакцинација ќе се смени сликата на пандемијата“, рече Филипче.
