Онлајн игри на среќа – Меџити: Ќе се затвори и Мегавин, тоа е процедура сама по себе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И компанијата за организирање онлајн игри на среќа „Мегавин“ ќе биде затворена на следната седница на Владата и со тоа никој нема да може да организира онлајн игри на среќа во Северна Македонија. Ова го соопшти првиот вицепремиер Изет Меџити. Како што соопшти Меџити, со првата одлука на Владата првично бил раскинат договорот за закуп меѓу Лотарија и зградата на поранешниот ресторан „Фестина“ во Визбегово. Потоа беа укинати концесиите кои незаконски им беа доделени на онлајн казината и третата одлука е борба против организацијата на игри на среќа “на црно“.

-Додека „МЕГАВИН“ е 100% државна која организира онлајн и има поинаква процедура. На следниот состанок во вторник, исто така ќе биде затворена и таа и 100% онлајн игрите на среќа ќе бидат надвор од функција во РСМ. Во исто време, има одлука во Владата каде е објавена жестока војна, бидејќи има онлајн казина кои се организирани од компанијата, но има онлајн казина на црно, на диво кои го организираат бизнисот со казина за другите земји во регионот за Турција, Грција и Албанија. Има одлука на Владата да им биде објавена жестока војна со сите инструменти на државата, изјави вицепремиерот Изет Меџити.

За фирмата „Мегавин“ вчера, потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, рече дека Владата намерно не ја затворила за да направи монопол за предметната компанија, бидејќи е 100% државна.

И премиерот Христијан Мицкоски најави дека лиценците на фирмите што беа затворени се издавани незаконски. За тоа како и зошто се дадени, вели дека органите на прогонот ќе истражат.

Компаниите на кои им беа одземени лиценците за онлајн игри на среќа се: НОВО ВЛТ Скопје, ДОО МОЦАРТ, 77 ДОО БИТС СКОПЈЕ и ДОО ВЕЗУВ Скопје во кои како што соопштија од Владата, Државна лотарија била партнер. Освен за овие 4 компании, владата ќе преземе активности за отстранување на платформата 2Win.mk за организирање онлајн игри на среќа на Државната видео лотарија ДОО Казинос Австрија Скопје.