Опасен Тик-Ток тренд?! 17-годишник во Кисела Вода настрада од струен удар додека бил качен на вагон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Младо момче кое било качено на цистерна-вагон доживеа струен удар на пруга во Кисела Вода.

Од МВР за ТВ21 го потврдија овој инцидент.

„Денеска во 14.55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна-вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила. Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во Ургентен центар“, потврдуваат од МВР за ТВ21.