Мицкоски: Годинешниот извештај на Европската комисија е подобар од ланскиот, има значителен напредок во реформите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во процесот на европските интеграции е подобар во споредба со минатогодишниот. Според него, Европската комисија констатирала значителен напредок во спроведувањето на реформската агенда, а земјава е меѓу државите со најдобри резултати во рамките на Европскиот инструмент за реформи и раст.

Мицкоски, во обраќањето по објавувањето на извештајот, упати благодарност до Европската комисија за поддршката на реформските процеси, како и до амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, за соработката и отворениот дијалог.

„Имаме подобар извештај од минатата година. Европската комисија констатира значителен напредок во спроведувањето на нашата реформска агенда и не вбројува меѓу земјите со најдобри резултати во рамките на Европскиот инструмент за реформи и раст“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека поддршката од европските институции е важна за продолжување на реформските напори и за напредокот на земјата на патот кон Европската Унија.

Премиерот воедно изрази благодарност до европскиот амбасадор за конструктивната соработка во однос на прашањата поврзани со европската перспектива на државата.