Службено возило во сопственост на Државна лотарија на Македонија било опожарено рано утринава на улицата „Крсте Асенов“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 13 октомври во 02:12 часот од страна на 42-годишниот А.М. од Скопје, кој претходно го управувал возилото.
Станува збор за патничко возило „бејџинг бејч“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
